Куманово го доби Металург и стана прв фаворит за титула

Металург – Куманово  23:30 (11:13)
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Камер Металари.
ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 2, Владева, Гулицоска 3, Тасевска 6, Смајлоска 1, Арсениевска, Дамчевска 2, Младеновска, Алексоска, Темелковска, Божиновска 5, Петковска 2 и Николиќ 2.   
Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 8 минути.
ЖРК Куманово: Марковиќ 1, Пецанова, Трајковиќ 5, Ивановска 3, Боризовска 6, Јовановска, Шарановиќ 1, Чокели 4, Јанкуловска 7, Кипријановска 3, Митровиќ, Џакмиќ, Краљевска, Цветановска, Бекирхоџиќ и  Димитриевска.     Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.



По вечерашното дерби, прво во женскит шампионат, добивме фаворит за шампионската титула, екипа што досега нема освоено ваков пехар. 
Куманово го совлада Металург, 30-23 (13-11), како гостин во „Автокоманда“. Израмнето беше во првиот дел, но во финишот Куманово се одвои, па Металург се спасуваше со два гола постигнати во финишот. 

Но, ритамот на Куманово не беше нарушен. Во вториот дел искористија грешки на домаќинот, поведоа со пет разлика, а потоа доминираа до крајот на средбата. 

Со ваков однос на силите, доколку нешто не се промени до крајот на сезоната, Куманово е на чекор до моментот да стане нов член на ексклузивното друштво што во моментов го сочинуваат Кометал Ѓ. Петров, Вардар и Металург, единствените женски шампиони во Македонија. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk