ВИДЕО: Малку „магија“ и од Томовски

Вчера се играа натпревари и во Бундес лигата и настапија тројца македонски интернационалци



Лигата на шампионите беше во центарот на вниманието, но вчера се играа натпревари и во Бундес лигата, а настапија и тројца македонски интернационалци. 

Мартин Томовски бранеше 40 миннути и имаше 9 интервенции од 29 шута на дуелот што Лудвигсхафен го загуби од Магдебург. Томовски беше одличен, а клубот не пропушти малку од неговата магија да сподели и на социјални мрежи.

 

Филип Миркуловски и Вецлар си „везат“ во Бундес лигата, па по домашната парада и голем триумф над Кил, запишаа и гостинска победа 22-20, над Бергишер. 
По четири кола Вецлар е на делба на првото место во Германија. Мируловски, постигна еден гол, но одново неговата минутажа и улога беше над очекувањата. 

Филип Кузмановски, пак, вчера загуби од Берлин (27-31), а мечот го заврши со еден гол од три обиди, еден блок и едно исклучување. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk