Тинекс Пролет има осум нови случаи на позитивни играчи на Ковид 19 , со Петар Ангелов вкупно девет.
Е. Пелистер 2 една од првите екипи што имаа позитивен случај, сега одново има двајца позитивни ракометари.
Ковид 19 прави ршум низ Европа. Шпанија е сериозен кандидат да го преземе приматот од Унгарија по бројот на заразени ракометари.
Десет шпански екипи имаат позитивни Ковид играчи. Меѓу нив рекордер е Нава која има вкупно 17 позитивни на Ковид.
Кањас пријави 10 позитивни играчи.
Куенка пријави 16 позитивни играчи.
Во Барса позитивен е Данецот Мортенсен, засега еден случај има само во Барса.
Во Шпанија досега требаше да се одиграат девет кола. До овој момент одложени се 31 натпревар.
Монпеље ја стресе Франција. Шест позитивни на Ковид 19 има европскиот шампион од 2018 година.
Нимс пријави двајца позитивни играчи. Во Франција, доколку клубот има 12 здрави играчи од кои еден е голман, нема да има одложување на меч.
Шпанскиот Бениродм ја загуби битката со АОН Фајверс. И Арбитражниот суд на ЕХФ го одби нивното барање за одигрување на натпреварот од второто коло од квалификациите за Лига Европа.