Здрахала го запре Шундовски во 1/4 финале

Ал Рајан екипата што ја води Звонко Шундовски, е елиминирана во 1/4 финалето на претстижниот Емир Куп



Звонко Шундовски не успеа да се избори за првиот пехар како тренер на Ал Рајан од Доха. Неговата екипа беше запрена во 1/4 финалето на Емир Куп. Подобри од нив беа ракометарите на Ал Вакра. 

Поранешниот македонски селектор имаше два големи проблеми на овој натпревар. Во вториот дел, при водство на Ал Рајан од два гола разлика, се повреди Владислав Остроушко, Има проблем со Ахиловата тетива и не можеше да ги продолжи мечот. 

Вториот проблем, е несудениот играч на Металург - Андреј Здрахала. Чехот на овој меч се појави во дресот на Ал Вакра и постигна пет гола патем имаше и шест асистенции и го одведе својот тим до победа од 29-25. 

Ал Вакра подоцна ја елиминираше и екипата на Ал Араби и во финалето ќе игра против подобриот од мечот Ал Ахли - Ал Духаил. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk