Татабања има 15 играчи позитивни на Ковид 19

Натпреварот меѓу Е. Пелистер и Татабања, тешко дека ќе се игра во предвидениот термин, на 20 октомври.



Полскиот голман Пјотр Вишомирски, на својот Твитер профил ја откри моменталната ситуација во екипата на Татабања, првиот противник на Еурофарм Пелистер во групната фаза. 

„Се случува во мојот клуб. 15 ракометари од првиот тим, со се мене имаат позитивни Ковид тестови. Се тестиравме вчера, ЛЕ треба да играме на 20 октомври...“

Татабања и официјално побарала од ЕХФ одложување на натпреварот. Со оваа бројка на заразени има две опции. Или ќе биде одложен или ќе биде службено решен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk