И Бутел Скопје донираше за Тони Шопов

Помош за велешката ракометна легенда доаѓа и од скопскиот клуб Бутел Скопје



Раководството на Бутел Скопје донесе одлука за донација од 30.000 денари за лекување на некогашниот македонски репрезентативец и член на многу екипи, Тони Шопов. Велешанецот, кој има голем придонес во македонскиот ракомет и кој добил многу битки на теренот, ја води најважната животна битка.
Да помогнеме таму каде што е најпотребно“, велат во објавата од скопскиот клуб. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk