РНЛ со „грчки“ голман во Битола

РНЛ ангажираше замена за повредениот голман Микаел Апелгрин



Николас Кациганис, довчера голман на Ерланген, во продолжение на сезоната ќе биде голман на РНЛ, како замена за повредениот шведски ас Микаел Апелгрин. 

Кациганис (38) роден во Германија, иако татко му е Грк, никогаш нема играно за грчки клуб или репрезентација. Напротив, целата кариера ја има минато во Германија, а покрај младинските заигра и за сениорската репрезентација. Но, не остана долго репрезентативец, има само пет настапи. 

Клупската кариера, пак, го носеше во Балинген, Ерланген, Хановер, Минден... врвот го достигна 2015 кога една сезона играше за Кил. Во РНЛ останува до крајот на сезоната. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk