Мојсоски стана директор на Агенција за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт од денеска има нов директор. Наумче Мојсоски познатиот ракометар во следните четири години ќе ја води АМС:




Наумче Мојсоски, поранешен репрезентативец на Македонија денеска е именуван за нов директор на Агенцијата за млади и спорт. 
На позицијата доаѓа на местото на Дарко Каевски, кој по парламентарните избори стана пратеник. 

Мојсоски е одлично познат на македонската јавност, има настапувано во најголемите македонските клубови, како Пелистер, Вардар и Металург, а во кратката интернационална кариера играше за Ла Риоха и Лехвија. За Македонија има настапувано над 180 пати. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk