Костески добива нов тренер во Линц

Екипата на Линц за која настапува македонскиот интернационалец Ненад Костески, имаше многу лош старт на првенството и денеска стигна првата сметка за наплата




Екипата на Линц за која настапува Никола Костески, на шест одиграни натпревари од почетокот на првенството има скор од пет порази и еден нерешен резултат. 
Најблискиот ривал веќе им избега три бода, па клубот мораше да одигра нешто за да се тргне од летаргијата. 

Првата сметка за петте порази стигна денеска, а ја плати тренерот Славко Крњајац. Тој имаше висок рејтинг во клубот затоа што стана тренер во незгодна ситуација и го спаси тимот од испаѓање...но, сега се сменија работите, Крњајац си доби отказ, а не неговото место е назначен Клемен Каимелер, клупска легенда, сега со улога на привремен тренер


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk