ЦСКА му врачи отказ на тренерот

ЦСКА Москва е вториот тим, по ППД Загреб од евро-елитата што се реши на непопуларен чекор - промена на тренер



Иако успеа да ја одведе екипата до групната фаза од Лига Европа и тоа по прилично комплициран пат кој подразбираше и играње со Силкеборг од Данска, Олего Кулешов денеска доби отказ во ЦСКА Москва, фино „спакуван“ со етикета „Благодариме и се најдобро“ и објаснување од една реченица дека се договориле да ја завршат соработката. 

Отказот за Кулешов дојде откако во домашното првенство прво беа поразени од Ч.Медведи, потоа од Нева Ст. Петербург, а вчера одиграа нерешено со Ставропол 29-29 (16-17). 

ЦСКА нема назначено нов тренер, но ќе биде многу чудно, ако тоа не биде актуелниот селектор Велимир Петковиќ.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk