Латино- американците ќе играат за СП 2021

Квалификации за СП Египет 2021 ќе се играат, во Уругвај



Четири латино-американски репрезентации се договорија да одиграат квалификации за СП Египет 2021, за испразнетото место од нивниот континент што води на СП.

Уругвај е веќе пласиран, но како најдостапна и најбезбедна Ковид зона ќе биде домаќин на Чиле, Ел Салвадор, Парагвај и Колумбија. 
Овие четири тима од 4 - 6 ноември ќе играат меѓусебе за место на мундијалот. 

Турнирот се вика „Последна шанса“ и е нова измислица на Коскабал (Јужна и Средна Америка), откако во првичните квалификации не успеаја да доведат осум екипи. 

Во случај овие квалификации да не се одржат, местото автоматски требаше да го добие Европа, односно Македонија, но дури и да не се играат, во Ковид сезона, ИХФ ќе им го додели на Чиле. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk