Сомнителен пораз на Констанца

Обложувачите што типуваа победа на Констанца над Темишвар, веројатно го имаа заокружено овој пар во 50 минута, но... 



Констанца и Темишвар одиграа чуден натпревар. Толку „чуден“ што романските медиуми и пошироката јавност го оцени како сомнителен. 
Обложувачите што типуваа победа на Констаца, веројатно го имаа заокружено како погоден овој пар во 50 минута, откако Констцана константно доминираше, а Чиковани погоди за 23-17. 

Но, тоа се покажа дека е последниот гол на Констанца на овој меч, иако се играше 48 минута. Во следните 12 минути голови постигнуваа само ракометарите на Темишвар, а мечот заврши со победа на Темишвар од 25-23. 

Начинот на кој Констанца ги одигра последните минути, ги крена веѓите не само кај тие што „изгореа“ во обложувалниците, прашања почнаа да се поставуваат...

„Секогаш кога ќе се случи нешто вакво, се крева сомнеж. Но, ние сме мирни, никој од нашите ракометари нема навика да се обложува. Сите беа неми во соблекувалната, не можеа збор да кажат ниту да поверуваат што им се случи“, мора да објаснува и да се правда и претседателот на клубот, Јонут Станеску. 

извор и фото: prosport.ro

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk