ПРВА ЛИГА: Металург со полувреме за паметење

Се комплетираше и третото коло во групата „Б“. Турнирот понуди доста интересни моменти вредни за одбележување



Од третото коло во групата „Б“ во Прва лига, вреди да издвоиме дека Вардар Неготино имаше 15-15 на полувреме со Металург РА, а вториот дел, екипата од „Автокоманда“ го доби со неверојатни 20-6 и славеше победа 35-21.

Вардар Неготино не е единствениот тим што постигна само 6 гола за едно полувреме. Истото остварување го имаа Македонија Ѓ. П. и Текстилец и тоа двата тима. Само 6-6 беше на полувреме, рекорд сезонава за најмалку постигнати голови во едно полувреме. 

Скопје 2020 убедливо го совлада Делчево. Тимот воден од Андријана Будумир уште на полувреме имаше плус девет. Делчевци, со само тројца расположени играчи, Гоце Ѓоргиевски (12 гола),  Мирче Ѓоргиев (9 гола) и Павле Стоиловски (7 гола) не можеше и да очекува поинаква завршница. 


РЕЗУЛТАТИ 
Скопје 2020 - Делчево   43-30 (24-15)
Мишевски 7, Бајрамовски 6, Пешевски 6 -  Г. Ѓоргиевски 12, Ѓоргиев 9
Металург РА -Вардар (Н)  35-21 (15-15)
Фидановски 12, Андревски 7, Николов 7 -  Ристов 4, Пеовски 4 
Македонија Ѓ. П. - Текстилец 21-19 (6-6)
Танев 7, Јаневски 5 - Ристов 6, Петров 5
Куманово - Партизан  30-18 (17-9)
Тасевски 9, Денковски 8 - Узунчев 11, Вегов 4

ТАБЕЛА:
1. Металург (9 бода), 2. Скопје 2020 (9), 3. Вардар Неготино (6), 4. Куманово (6), 5. Македонија Ѓ. П. (3), 6. Делчево (3), 7. Текстилец (0), 8. Партизан (0)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk