ПРВА ЛИГА: Драчево е претплатен за драми

По вчерашното второ, денеска веднаш се одигра и третото коло во Прва лига. Новиот турнир се играше во Ресен. 




Драчево врати за првото коло кога прокоцка предност од девет гола. Вечерва против Преспа, успеа да се врати од минус пет на полувреме и да запише победа. 
Импресивен старт на второто полувреме имаше Драчево. Со серија од 11-2, минусот од 10-15 го претвори во водство од 21-17. Но, тоа не беше крај, следеше серија од 3-0 за Преспа и намалување на 20-21, по што следеше и израмнување на 21-21 и потоа беше израмнувано цело време, (22-22, 23-23), a конечно семафорот да престане да врти при водство на гостите од 25-24.  

Аеродром имаше лесна задача на натпреварот со Кичево и заокружи успешен викенд во кој запиша шест бода зад своето име.  Со големи 25 гола разлика славеа скопските ракометари над кичевскиот состав. 

Рекордер по број на голови во ова коло е Јехона, која на Ринија и даде дури 53 погодоци, а Борец и Шампион одиграа тесен меч на кој Шампион ја запиша третата победа и е лидер во групата, единствен со максимално остварување. 

ГРУПА „А“
AEРОДРОМ - КИЧЕВО  44-19 (23-9)
Михајлов 13, Пејковски 7 - Крстески 5, Мирчески 4
РИНИЈА - ЈЕХОНА 32-53 (14-23)
Стојчевски 12, Туша 9 - Дукоски 14, Бошковски 12
БОРЕЦ - ШАМПИОН 31-33 (12-13)
Мачавелов 9, Андовски 8 - Стојановски 8, Миланов 8
ДРАЧЕВО - ПРЕСПА  25-24 (10-15)
Дабевски 8, Ангелов 7 - Шиклески 7, Башески 6
ТАБЕЛА:
1 Шампион (9 бода). 2. Аеродром (7 бода). 3 Драчево (7), 4. Јехона (6), 5. Преспа (3). 6. Борец (3), 7. Ринија (0), 8. Кичево (0)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk