ПРВА ЛИГА: Аеродром потврди дека е фаворит, Борец со силен финиш

Одигран вториот турнир во Прва лига. Во групата „А“ се издвоија три фаворити за пласман во Плеј оф



Еден од фаворитите за Плеј оф, скоспки Аеродром ја оправда улогата на дуелот со домашната Јехона во Гостивар. 
Уште од прв момент доминираа гостите, поведоа 6-2, 10-3 имаа и 15-7 во финишот на првиот дел, но тогаш пак, Јехона ги одигра своите најдобри минути и со серија од 4-0 се врати на 11-15 на полувреме. 

Во вториот дел, Аеродром не им остави на ракометарите на Јехона шанса да се борат за пресврт. Контролираше, имае 5 до 7 гола водство, а во финишот стигна и до плус девет со закана дека може оваа средба да заврши и двоцифрено. 

Кога натпревар ќе заврши со 11 гола разлика, тешко е да се замисли дека постоела резултатска рамноравност на теренот. 
Но, на средбата меѓу Кичеви и Борец што заврши со пораз на Кичево 27-38, резултатот во најголемиот дел не сугерираше дека на крајот ќе излезе - така. 
Кичево беше подобриот тим во првиот дел, постојано беше во водство, а и по 30 минути имаше минимална (15-14)  предност. 
Водеше и на почетокот на вториот дел, имаше 16-14, 17-16 и тоа беше последното водство. Откако Борец израмни (17-17), Кичево почна да го губи тлото под нозете. 
Последен пат екипите беа блиски при резултат 22-25, а од тој момент со серија од 13-5, Борец стигна до повеќе од убедлива победа. 



ПРВА ЛИГА ГРУПА „А“
Јехона - Аеродром  25-33 (11-15)
Дукоски 6, Тасески 6 - Михајлов 9, Митревски 8
Кичево - Борец  27-38 (15-14)
Анѓелевски 5, Новески 5 - Дамески 10, Миленков 7
Драчево - Ринија 38-25 (16-10)
Дабевски 7, Андовски 5 - Исмаили 6, Емини 5, Сулејмани 5
Шампион - Преспа 26-25 (13-13)
Миланов 7, Игнов 6, Марковски 5 - Савевски 9, Шиклевски 6


Табела: 1. Шампион (6 бода), 2. Драчево (5), 3. Аеродром (5), 4. Борец (3), 5. Преспа (3). 6. Јехона (3), 7. Ринија (0), 8. Кичево (0).


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk