Даре Кондев ја откри и ТАА љубов

Дарко Кондев, 19 годишниот ракометар на Металург, Ковид паузата ја искористи - за да напише книга



Ако имате макар малку можност поблиску да се запознаете со Металург и неговите ракометари, никако нема да можете да избегнете во еден посебен фолдер од севкупни импресии да го складирате 19 годишниот играч од крилна позиција, се вика Дарко Кондев. 

Момчето едноставно е генератор на позитивна енергија, плус одличен ракометар е што трпеливо ја чека својата шанса и во клубот, паралелно со повик од Данило Брестовац за репрезентацијата, а во Ковид паузата реши да биде и креативен и направи нешто што ниту еден од неговата генерација, па и повозрасните (со исклучоци) го нема направено - напиша книга. 

Од сегашна перспектива, со оглед на тоа дека неколкупати го имаме видено, во слика што е се поретка да се види, со книга во рака, можеби и не треба да се чудиме. Па сепак, нема да криеме дека пријатно сме изненадени. 

Кингата се вика „ТАА“. И како што вели, мирисот на новоиспечатена книга ниту една технологија не може да го замени. За своето дело, Кондев вели: 
 
Од премногу мисли во главата, од желба до решение, до нешто што не можам да опишам колку сум среќен. Многу мисли преточени во парче хартија- во крајно дело книга. Нејзиниот наслов ТАА.
Интересна книга која зборува за животот и љубовта, препреките, тешките денови, но и среќните изгрејсонца, жарот, искрата на животот, борбата со самите себеси , и пронаоѓање на внатрешниот мир. Тоа е тоа што не исполнува. Книгата ТАА вреди да се прочита,нема да се разочарате.
Мирисот на новоиспечатена книга во нашите раце е незаменлив и никоја модерна технологија не може да го замени.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk