Шола и Червар го менуваат Вори

Довчерашниот тренер на Пекинг Универзитет и актуелниот селектор на Хрватска ќе го наследат Игор Вори на клупата на ППД Загреб



Владо Шола ќе биде наследникот на Игор Вори на клупата на ППД Загреб велат хрватските колеги. Владо Шола на клупата, а Лино Червар во улога на советник ќе го насочува некогашниот голман на златната хрватска генерација. 

Владо Шола е се уште актуелен тренер на екипата на Пекинг Универзитет. Кинезите од Загреб, годинава нема да играат СЕХА Гаспром првенство, па Шола остана слободен на пазарот. 
Лино Червар е актуелен селектор на Хрватска близок со круговите што го водат ППД Загреб, сигурно нема да му биде преголема обврска во улога на советник да го одредува правецот во кои ќе се одвиваат работите во Загреб. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk