Путин го вметна ракометот во основните школи

Министерството за образование на Русија, на состанок на советот под надзор на Владимир Путин, одлучи ракометот да биде еден од спортовите што ќе се тренира во основните училишта



На 15 милиони основци во Русија ќе го имаат ракометот како еден од спортовите што ќе се тренира и изучува во основното физичко образование. 
Оваа одлука е донесена на состанок на советот под надзор на Владимир Путин, а ја оббјави министерот за образование Сергеј Кравцов. 

Ракометот заедно со џудо и рагби се трите спортови што наскоро ќе влезат во програмата на основното образование, а се подготвува терен и за уште два спорта - шах и хокеј. Спортови како гимнастика на пример одамна се дел од школството. Зголемен е бројот на часови по физичко и квалитетот на наставата.

Во Македонија одамна се договара за извена поддршка, односно финансиска помош за наставниците - тренери што ќе тренираат деца ракомет за време и по наставата. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk