ЦСКА пак загуби, Шишкарев ќе ја води Русија...

Не само Чеховски медведи, туку и екипата на Нева Санкт Петербург ја преслуша ЦСКА Москва во рускиот шампионат. Без Павел Атман во тимот, ЦСКА Москва беше поразена 25-26 во рускиот шампионат и за нив ова  беше втор пораз. 



Сергеј Шишкарев останува претседател на Ракометниот сојуз на Русија. Тој е единствениот кандидат за претседател на претстојните избори. 
„Многу сакав да имам противкандидат“, изјави самоуверениот Шишкарев, кому очигледно му е скатена можноста да се „испофали“ што се има направено за рускиот ракомет како претседател. 

ЕХФ ја одби екипата на Ференцварош која побара одложување на натпреварот од ЛЕ против Есбјерг. Унгарките бараа одложување, поради Ковид, но ќе мора да играат со тие играчи што им се здрави. 
Да видиме дали ЕХФ ќе ја одбие и Татабања која бара одлагање на мечот со Е. Пелистер од првото коло во ЛЕ. 

Белоруската екипа Витез, суспендирана и исфрлена од лигата затоа што не сакаше да игра натпревар во знак на протест поради политички апсења, сега најавува дека е можно да продолжи да се натпреварува во Балтичката лига.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk