Норвешкиот голман заминува од Флензбург, а во клубот се враќа миленикот на Данците
Норвешкиот голман Торборн Бeргеруд на крајот на оваа сезона ќе го напушти Флензбург, објавија денеска германските медиуми.
Бeргеруд (26) пред две години дојде во Флензбург, во моментите кога Данецот Кевин Мелер замина за Барса. Две сезони повеќе од успешно заедно со Бенјамин Буриќ го брани голот на Германците, но таа приказна завршува на лето. Веројатно и годнешната врвна форма на Буриќ која му остава се помалку минути на терен играше улога во овој расплет.
Сеедно, Бeргеруд заминува, а на неговото место доаѓа, односно се враќа миленикот на Данците - Кевин Мелер од Барса. Ова, пак, оди во прилог на тоа дека следната сезона покрај Гонзало Варгас, во Барса ќе има нов голман, односно дека Емил Нилсен од Нант доаѓа кај каталонците.