Денеска се комплетираше второто коло во Бундес лигата. Настапија двајца македонски ракометари
Филип Миркуловски требаше сезонава да има мала, незначителна минутажа во екипата на Вецлар, а поголемиот дел од работата да ја врши како асистент тренер.
Но, во првото коло против Флензбург мина 45 минути на теренот и тоа како главен организатор на играта, а истото беше и вечерва на гости кај Минден.
Миркуловски беше главниот играч на Вецлар, ја креираше играта, го водеше нападот и во победата од 29-24 учествуваше и со три гола од четири обиди.
Први бодови запиша и Штутгарт на Жарко Пешевски. По поразот во првото коло од Рајн Некар Ловен, Штутгарт во второто коло играше и победи 31-23 на домашен терен против екипата на Есен. Македонскиот репезентативец Жарко Пешевски постигна два гола од три обида.
Следниот противник на Вардар во ЛШ, Флезнбург, релативно лесно го надигра тимот на Нордхорн (33-26). Голманот Буриќ е во голема форма, имаше 17 одбрани, а вреди да го споменеме и двочерашниот вардаров пикер Домен Сикошек Пелко. Тој вечерва постигна 9 гола од 10 обиди.