Екипата на Фочани е исклучена од турнирот што се игра во Св. Георге. Не пријавиле позитивни случаи
Играњето турнири место играње дома-гости, не носи којзнае каков бенефит во првенството на Романија. Особено што поред нивните протоколи екипата што има заразени ракометати, службено го губи натпреварот.
Досега, сумирано, 35 % од натпреварите се регистрирани со службен резултат 10-0, пишува денеска „Проспорт“:
Фочани е денеска на стрелиштето. Екипата е суспендирана и остранета од турнирот и службено загуби дури 5 натпревари. Фочани заработи и казна од 40.000 леи затоа што не пријавил сомнителен случај. Ракометарот што не се чувствувал добро, останал во хотелот, а екипата отишла на натпревар. Подоцона откако се пожалил и друг играч на замор и омалаксаност се расплетка целото клопче. Фочани беше тестиран и се покажа дека тројца нивни играчи се позитивни.