Татран Прешов останува во карантин до крајот на неделава
Татран Прешов нема да може да стартува на предвидениот термин за почеток на СЕХА, на 10 октомври. Овој клуб во моментов е во карантин, а требаше денеска да направи тестови и евентуално утре да продолжи со тренинзи.
Но, поради презафатеност, тестирањето им е одложено до петок, а протоколот во СЛовачка и така налага 10 дневна изолација доколку имало контакт со позитивна личност.ќ
Татран ќе си остане во карантин до петок, потоа ќе се тестира, а што понатаму, зависи од резултатите на тестовите.