Српската екипа Наиса од Ниш назначи нов тренер и ги зголеми амбициите на сите фронтови
Српска Наиса доведе звучно име на клупата за продолжението на сезоната, во која, пак, прв противник им е скопски Чаир (10 октомври).
Љубомир Обрадовиќ, тренер што во 2000-01 го водеше машкиот тим на Вардар е новиот тренер на Наиса. Обрадовиќе по Вардар работеше во неколку клубови, а најдолго се задржа во Порто (2009-15). Минатата сезона во еден момент беше истовремено селектор и на машката и на женската репрезентација на Србија и со двете селекции имаше успех.
Во моментов е селектор само на женскиот сениорски тим, а со преземањето на Наиса, очекуваме овој клуб да направи поголем подем.