Веспрем и Мешков нема да играат во групи од СЕХА

Потпретседателот на СЕХА, Борис Сапожњиков, за рускиот „Брз центар“ потврдил дека двата клуба ја прескокнуваат групната фаза на СЕХА



Мешков Брест и Веспрем побарале, а другите клубови се сложиле и наскоро треба да биде објавен новиот распоред за настпреварување во групната фаза на СЕХА во која ќе има само осум екипи. 

Потпретседателот на СЕХА, Борис Сапожњиков ја потврдил оваа информација за рускиот медиум „Брз Центар“, а побаравме и во секој момент очекуваме и од Скопје или Загреб потврда (евентуално демант) за ваквата нова ситуација во СЕХА Гаспром. 

Разбирливи се причините што носат ваков редослед на настаните, би биле пријатно изненадени и ако на ова се заврши и ако СЕХА без проблеми стартува со осум клуба. 

Нема да биде едноставно ниту за Татран Прешов, уште помалку за Мотор Запорожје да учествуваат во ова натпреварување тековнава сезона, следствено и за сите екипи што треба да патуваат во Словачка и Украина. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk