Стартуваше најатрактивното ракометно клупско првенство, Бундес лига. Македонија сезонава има четири ракометари, сите беа на терен...
Жарко Пешевски постигна 5 гола од 6 обиди за Штутгарт и беше најефикасен во својот тим. Исто толку постигна и Виго Кристијансон, но му беше потребен шут повеќе.
Штутгарт како и да е, не се офајди од „10-ката“ на Пешевски и Кристијансон, затоа што остатокот на тимот постигна вкупно - уште 10 гола. РНЛ славеше убедливо, 30-20 на оваа средба.
Филип Миркуловски во улога на играч-асистент тренер ја почна сезоната со меч со Флензбург. Долго време водеше Вецлар, но на крајот Флензбург направи пресврт. Голманот Бенјамин Буриќ со две интеревенции во последните три минути го спречи Вецлар да стигне до бод. Конечниот резултат е 29-27 за Флензбург.
Мартин Томовски според официјалната статистика на Бундес лигата, мина десет минути на терен во поразот на гости на Лудвигсхафен од Лајпциг (19-27). Томовски нема интервенција.
Филип Кузмановски има 0/1 во статистиката од натпреварот на Хановер и Минден. Хановер победи 26-25, а добрата вест е штп Кузмановски воопшто беше во составот со огледа на неодамнешните проблеми со ахиловата тетива.