МАКЕДОНИЈА - Ѓ. П. - ДЕЛЧЕВО 32-34 (15-13)
Неделковски 8, Никодоновски 6, Спировски 5, Танев 5 - Ѓоргиев 12, Г. Ѓоргиевски 7, И. Ѓоргиевски 7
БОРЕЦ - ЈЕХОНА 33-35 (13-13)
Мачавелов 7, Атанасовски 6, Сиљанов 6 - Салиу 12, Тасески 8
Мечот Аеродром - Драчево, беше само вовед во исклучително неизвесно прво коло во прволигашката конкуренција.
Во турнирскиот систем сите екипи ги гледаат подеднакво своите шанси и уште од прв момент настојуваат да си обезбедат предност за плеј оф.
Во Скопје се сретнаа Македонија Ѓ. Петров и Делчево. Долго време „домашните“ имаа контрола, но јалов. Уште во првиот дел Делчево во еден момент им го презема водството, но одново скопските ракометари ја вратија разликата од два гола и на одмор заминаа со резултат 15-13.
И во вториот дел Македонија Ѓ. П. диктираше резултат, но се до резултат 26-24 што беше нивниот последен комотен момент. Делчево израмни, па премина во водство, па редот беше Македонија Ѓ. П. да брка.
Но, Ѓоргиев, Гоце Ѓоргиевски... имаа помирна рака во финишот. Намалуваа на гол разлика скопските ракометари, беше 30-31, 31-32... но Делчево погодуваше во своите напад и кога од 33-32 погоди за 34-32, беше крај на драмата.
По слично сценарио играа и Борец и Јехона. Јехона имаше постојано водство на овој меч, но Борец постојано притискаше. Им недостигаше на велешаните главниот исчекор, па секогаш кога ќе стигнеа, како во вториот дел кога во еден момент израмнија (20-20), по што веднаш примија три гола по ред...
На крајот Борец во два наврата имаше гол заостаток (30-31, 31-32), но одново прими два гола по ред па стака 31-34 што за велешани беше предалеку.