Неверојатен кам бек на Аеродром

AЕРОДРОМ - ДРАЧЕВО   27-27 (10-16)
Стрелци за Аеродром: Ефтимов 9, Митревски 5, Михајлов 4, Табаковски 3, Рачевски 2, Попов 2, Маркудов 1, Љубевски 1
Стрелци за Драчево: Андовски 7, Димовски 7, Ангелов 5, Дабевски 3, Соколовски 2, Атанасовски 1, Ангеловски 1, Јаховиќ 1



Првата лига во Кичево почна со драматичен меч што го одиграа екипите на Аеродром и Драчево. Двата скопски клуба ја отворија сезоната во Прва лига, со меч за паметење. 

Драчево беше екипата што помалку неочекувано доминираше во најголемиот дел од натпреварот. Уште од стартот предводени од Бобан Андовски и Александар Димовски, поведоа со 4-1, а потоа разлика од три гола ја одржуваа до финишот на првиот дел кога избраниците на Настевски уште еднаш „нагазија“ и ја удвоија предноста (12-9, 16-10), резултат актуелен на полвреме. 

Во вториот дел продолжи доминацијата на Драчево кое во неколку наврати имаше и плус девет гола (21-12, 23-14, 25-16. Потоа Аердром се закани намали на 19-25, но Драчево постигна уште два гола за удобни 27-19. И кога се помисли дека е готово Аеродром покажа карактер и волја за секој респект. Не се помирија со пораз,  стегнаа во одбрана, голманот Куртановиќ почна да лови, тргнаа на се или ништо и следеше неверојатна серија од 8-0 до крајот на натпреварот со која играчите на Дарко Петровски од 19-27, стигнаа до 27-27, дури имаа и еден промашен напад во оваа серија што на крајот (им) одзема драгоцено време. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk