Татабања е во карантин, без пола тим во Битола?

Првиот противник на Е. Пелистер, унгарската Татабања има сериозни проблеми во пресрет на Лига Европа



Еурофам Пелистер за противник од првиот шешир ја доби унгарската Татабања, противник што нормално, не е посакуван, но тоа што ЛЕ ја стартува во Битола и тоа токму против нив може да биде силен адут за битолчани. 

Унгарскиот клупски ракомет е во нокдаун од Ковид 19. Ретко може да се состави комплетен тим, а бројни натпревари се одложени. Татабања не е поштедена. 

Во моментов имаат четири играчи што се Ковид позитивни. Повреден и тоа аут за цела сезона (скинати лигаменти) е Бенце Балинт, а фрактура на зглобот има и еден од најдобрите играчи - Габор Анчин. 

„Во моментов под знак прашање е дали ќе имаме доволен број на ракометари на 20 октомври, затоа што според актуелниот протокол, нашите вирозни ракометари нема да можат да играат четири недели“, изјави претседателот на Татабања, Ласло Марош. 

Татабања од вчера е во 10 дневен карантин. Нивните три следни натпревари, со ПИК Сегед, Веспрем и Чурго се одложени. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk