Кастратовиќ: Можеме да се носиме со сите противници

Металург ги доби противнците во групната фаза. Тоа се Адемар, Висла Плоцк, Чеховски медведи, Тулуз и Фајверс. Тренерот Зоран Кастратовиќ е умерено задоволен



Металург е во можеби најизедначената група во Лига Европа. Група во која има познати имиња, но нема Топ фаворит кому му се „гарантирани“ макар на хартија бодовите од дуелите што следат. 

Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ е умерено задоволен. Групата дава шанса и за убави натпревари и за убави резултати.

„Ќе зборувам воопштено за групата. Сите овие екипи поседуваат квалитет и неслучајно се во групната фаза на Лига Европа. Имаме противници што доскоро и во Лигата на шампионите имаа што да кажат, но сметам дека во оваа група имаме шанса да се носиме со сите противници“, вели Кастратовиќ. 

„Ние немавме посебна желба, освен можеби да избегнеме играње со Динамо Букурешт. Најтешкото е зад нас, пласманот во групната фаза. Сега, кога тоа е готово и успешно реализирано, во продолжение на сезоната сигурно ќе играме порастоварено и во крајна линија и поубаво за око. Имаме шанса, можеме да се надигруваме со сите, особено на домашен терен каде ќе ни биде потребна, инспирација, искра за да можеме и до поволен резултат“, изјави тренерот на Металург. 

Во првото коло, Металург ќе гостува во Франција, кај Тулуз на 20 октовмри. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk