НАНТ - БАРСА 27-35 (15-18)
Лазаров 4, Овничек 5 - Мем 7, Палмарсон 6
ЕЛВЕРУМ - КЕЛЦЕ 22-31 (11-17)
Мате 5, Пујол 5 - Турна 5, Вујовиќ 5
ЦЕЛЈЕ - КИЛ 24-35 (15-18)
Хорзен 4, Млакар 3 - Пекелер 6, Екберг 5
Кирил Лазаров постигна 4 гола против својот поранешен клуб Барса, но Нант немаше сила за второ изненадување во ЛШ.
Барса имаше контрола врз резултатот, но Нант беше блиску 45 минути. Се до резултат 20-21, по што Барса нагло се одлепи и во последните 15 минути направи седум гола предност.
Кил почна очајно во Словенија, Целје водеше 6-1 по десет минути игра, но во следните 50 Кил им направи дури 16 гола разлика за конечна победа од 35-24.
Келце му покажа на Елверум каде му е местото, па иако Душебаев не ја користеше постојано првата постава, Полјаците имаа целосна контрола на мечот, удоба предност и победија со девет гола разлика.