Пари Сен Жермен одново се посратмоти. По поразот од Флензбург дома, сега загуби и на гости кај Мешков Брест. Но, ова не е добар развој на настаните за Вардар
Директните ривали на Вардар продолжуваат да собираат бодови на незгодни натпревари. Откако Елверум победнички се врати од Порто, а Флензбург од Париз, сега и Мешков Брест си освои бодови од ПСЖ.
Нешто не е како што треба во ПСЖ. Можеше тоа да се види на првиот меч со Флензбург, а сега го запиша и вториот пораз, од Мешков Брест во Белорусија.
Уште по првиот дел Мешков Брест водеше со големи пет гола разлика (19-14), во вториот ПСЖ намали, но само за минимален пораз од 31-32.
Со Микел Хансен, Никола Карабатиќ и Даинис Криштопанс во тимот, вакви два резултата се срам за клубот. Сега трпението на ПСЖ од управа до шеикот што дава пари е на тест. Да видиме дали ќе чекаат да тргне или пак ќе одиграат некој потег. Дали кон Раул или кон некои од играчите, сеедно.
Мака виде и Веспрем кој на полувреме беше гол заостаток зад Мотор во Запорожје. Но, Унгарците не си дозволија луксуз да загбaт. Ненадиќ со 10 гола предводеше листа на стрелци на која Дејан Манасков запиша 1 гол од 1 обид. Конечниот резултат е 37-34 за Веспрем.