Металург си отвори нова врата во Европа

Металург си ја „спаси“ сезоната вчера во Цирих, во една реченица можеме да го опишеме последниот настап на македонскиот клуб во Лига Европа. Но, поинаква е генезата на настаните кои доведоа до финалниот продукт до овој момент, а тоа е настапот во групната фаза на Лига Европа. 



Металург не ја спаси сезоната. Ова можеби ќе важеше до пред некоја сезона кога клубот имаше играчки далеку силен тим иза него вакви натпревари ќе беа од типот не смее да се загуби по никоја цена. А и тогаш, губел (Порто, квалификации за ЛШ), бил на раб (Тел Авив квалификации за ЛШ), но потоа неговата улога била однапред одредувана и очекувањата од сезона во сезона, да се одржи реноме доволно за следна покана за ЛШ. 

Се променија ЛШ и ЛЕ, се промени и Металург. Клуб што заврши една ера со Червар на кормилото и водењето на клупската политика и почнува нова ера во која расчистува и со стари сметки и навики и тапка нов пат пред себе. Металург нема што да спасува од сезоната, затоа што во новата ЛЕ, почнува од нула. 

Всушност, почна лани, со Кастратовиќ на клупа, наследен состав кој имаше проблеми и во Супер лига и мошне незгоден противник во Горење во европскиот куп. Сезоната во која имаше улога на аутсајдер, но во која најважното нешто што го направи е што расчисти со можеби последните делови од оставштината на стариот Металург и скрои план за годинава. 

Ќе премотаме малку напред во времето, до моментот квалификации за ЛШ. Ранкинзите на ЕХФ што не одеа во прилог, два противника пред себе, но и малку помош од Фортуна го доведоа Металург до дуелите со Кринс Луцерн. 

Пошироката јавност одново слушна за Металург, но не можеме да избегаме од впечатокот дека веднаш почна да се споредува и изденачува со некогашниот Металург, па и со други параметри во мак ракометот како Вардар и Е. Пелистер. 

За Металург, Луцерн беше најважниот меч. Не за да спаси нешто што го има, туку за да изгради нешто ново, што го нема. Противникот не беше нималку наивен од гледна точка на новиот Металург. Впрочем се изгоре убаво швајцарскиот шампионот Кадетен кога им беше на гости (24-32) само три дена пред мечот со Металург. Горан Перковац е прекален тренер, што знае да анализира, знае како да постави игра, па и да вклучи Х фактори и изненадувања типични за балканските трнери навикнати на шаховско надмудрување. Се обиде во Скопје со 3-2-1, во Цирих играше и поинакви варијанти. Има воигран состав, колектив што знае што прави на терен, не им недостасуваа мотив и борбеност. Би рекле дека Металург со помалку нервози и драма ќе поминеше со Винтертур или некој сличен противник од типот на романските екипи каде што повеќе решава сила. 

Среќа, пак, за Металург е што и Зоран Кастратовиќ е премачкан тренер и знае да игра шаховски ракомет, да анализира и да подготви екипа. Во спротивно, ако Металург отидеше да игра во Цирих со реномето од минатото и имињата на играчите во составот, ќе влезеше во отворената замка на Перковац.

Но, едно е подготовка, а друго е тоа што играчите ќе го спроведат на дело. А шутерската линија на Металург и на двата натпревари не го даде очекуваниот придонес, па мораше да се вадат и резерврните оружја. Ротациите, шансата да играат и минутажата што ја добиваа дел од играчите од почетокот а сезоната, на дуелите со Спачва на пример или во домашното првенство во Пелистер 2 и Прилеп како и да ви звучи ова, го решија победникот во Цирих.
Финално, ако сведеме на два-три решавачки момента, Маријан Мариќ погоди од девет метри во финишот кога требаше, Мартин Серафимов го изнуди клучното пробивање во одбрана. Тоа се играчи што во целиот ростер треба да се од клупата. Улогата на Додиќ зад и заедно со Тарабокија е голема, Канкараш си го одработи сосема на ниво своето, Велко Маркоски и Даниел Дупјачанец исто така. Златко Хорват е додаден квалитет во тимот. Одбраната, особено во вториот дел, односно финишот е нешто од што треба да е презадоволен клубот.
А, одбраната е таа што ги добива натпреварите, така барем вели ракометната „поговорка“: 

Сумирано, 120-те минути со Луцерн не се дадени на подарок ниту се некакво наследство. Зад нив е една цела сезона работа, а следно на репертоарот е жетва или собирање на плодови од сработеното досега. 
За Зоран Кастратовиќ се отвора нова врата зад која се нови противници, нови системи, сумирање, креирање, а за клубот нови важни одлуки. Се тоа е во делот подготовка за поинакви противници и финално за домашниот шампионат.
Но, има неколку дена да ужива во досега сработеното и да кажеме еден убаво заокружен циклус. 

Македонија со Металург и две пројдени кола доби трет клуб во ЛШ и ЛЕ. За македонскиот ракомет нова улога и нови бодови во Европа, за македонската јавност враќање на уште еден клуб на сцена, а за репрезентацијата играчи што имаат улога и минутажа и кога не се вброени стартери. Впрочем Серафимов, Маркоски, Лазаревски  во перспектива Кондев итн. до овој момент имаат минато повеќе минути на терен, сработено повеќе задачи отколку нивните репрезентативни колеги по другите клубови. 

Утре ќе биде убав ден за Металург. Ќе ги дознае противниците, иако кои да се од моменталната гледна точка не е битно. Во секој шешир има противник по мерка, финално, битка за едно од четирите места сигурно ќе биде во план. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk