Со три клуба што преживеаја низ квалификациите и стигнаа до групните фази на ЛШ и ЛЕ, Македонија се смести во одбрано друштво со Франција, Германија и Унгарија
Елиминациите завршија, време е најдобрите 40 екипи во Европа да се пресметуваат во групни фази. Откако заврши последното сито и пребројување - Македонија влезе во ексклузивно друштво.
Франција и Германија имаат по пет екипи во ЛШ и ЛЕ. Со тоа што имаа по две директно во ЛШ. Македонија и Унгарија се зад нив со по три екипи во групната фаза.
Македонија во евро-сезоната што допрва ќе се разговрува има повеќе екипи во ЛЕ и ЛШ од Шпанија на пример, од Словенија, Русија, Данска, Норвешка, Хрватска... и тоа е податок што говори дека во Македонија може да се игра квалитетен ракомет и внатре во нашите граници. И да имаме квалитетна Супер лига, доколку само уште еден-два клуба тргнат по патот на Вардар, Металург и Е. Пелистер.