ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Митревски против Флензбург

Денеска се играат натпревари од третото коло од Лигата на шампионите. Вардар како и во второто, ќе паузира.



ГРУПА „А“
18:45  Мешков Брест - ПСЖ
20:45  Флензбург - Порто

ГРУПА „Б“
18:45  Мотор - Веспрем
20:45  ППД Загреб - Алборг

Никола Митревски со Порто вечерва гостува кај Флензбург на натпревар што со нескриено задоволство го очекуваме. Минатата сезона Порто се прослави на дуелите со Кил, да видиме дали сезонава може истото да го направи и со Флензбург. 
Никола Митревски, пак, во второто коло беше многу подобар на голот на Порто, отколку Квинтана на првиот меч. Ќе видиме за каква комбинација ќе се реши Матијас Андерсон денеска. 

ППд Загреб има два пораза по ред, денеска игра со непријатниот тим на Алборг. Игор Вори со големи амбиции седна на тренерското столче, но во моментов е еден од неколкумината на кои тлото под нозете станува несигурно.

ПСЖ ќе се вади за домашниот пораз на гостување во Брест. Мешков како празник го чека доаѓањето на Французите и сигурно ќе пружи голема битка, но не веруваме дека со Алонсо на клупата има големи шанси да победи звучно име. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk