Металург успеа! Ќе игра во група во Лига Европа!

ЛУЦЕРН - МЕТАЛУРГ 22-21 (12-11)
Металург: Дупјачанец 12 одб, Тарабокија 4, Канкараш 5, Поповиќ 2, Потиќ 1, Додиќ 1, Хорват 4, Мариќ 3, Серафимов 1, 



Металург ќе игра во групна фаза од Лига Европа! Вечерва загуби со еден гол разлика и се пласираше во групата!

Тежок натпревар игра Металург на гостувањето во Швајцарија, против Кринс Луцерн. По 30 минути игра, резултатот е 

Малку голови, многу промашени шанси и контрола на Металург во првите 15-тина минути од мечот. Водеше 3-2, 4-3, но беше и во минус од 4-5 и 6-5, пред одново да ја презме предноста (8-7).

Домашните со 6-0 одбрана, за разлика од подлабоката зона во Скопје, бековите на Металург и овој пат не се шутерски расположени, па Кастратовиќ мора да се моли да пројде некоја поинаква акција. 

Во последните 10 минути Луцерн ја презеде контролата, имаше 9-8, но не се даваше Металург. Имаше шанса да поведе при 10-10, не ја искористи, што беше казнето. Потоа и еден лош шут од девет метри значеше и шанса за плус два за домашните, но сепак, не им мина цепелинот и остана 12-11 на полувреме.

Во вториот дел, Луцерн поведе со два разлика, а во 38 минута за прв пат некоја од екипите на двомечот имаше плус три. За жал тоа беше Луцерн, а водеше 16-13.

Дупјачанец беше на ниво цело ова време, па овозможи Металург да се доближи (14-16), па и да има напад за минус еден што остана неискористен. За среќа нешто подоцона Поповиќ намали на 15-16, а потоа Хорват на празен гол и трибини што во тиме моменти „навиваа“ за Металург изрмани на 16-16 и го примора Перковац да побара тајм аут во 42 минута. 

На минус еден (17-18) Металург пропушти контра напад и одбиена топка, па потоа беше казнет и одново Кринс водеше 19-17, два гола разлика.
Потоа одново играше слабо во напад Металург и беше казнет со 20-17.

Канакараш заби една во мрежа, а потоа и Мариќ со втор гол од девет метри намали на 19-20 во 52 минута. Одново Канкараш намали на 20-21, по што Луцерн се најде во пасивен напад, спасен со тајм аут. Веќе се играше 55 минута и секоја топка можеше да пресуди. 
А Дупјачанец беше најдобриот металургов играч и одбрани за напад за реми, при 20-21 шутот за реми беше...
Потоа и Поповиќ имаше контра, сам пред голман и шанса да го реши патникот во групна фазан, но промаши.

Но среќата го посака Металург, во драматичната последна минута при резултат 22-21 за Луцерн, домашните имаа напад, но направија пробивање!
Претходно, Металург имаше напад што заврши со шут покрај голот, на околу 50-тина секунди до крајот на мечот. 

 


 

Галерија

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk