Металург со минус еден на полувреме

ЛУЦЕРН - МЕТАЛУРГ   (12-11)



Тежок натпревар игра Металург на гостувањето во Швајцарија, против Кринс Луцерн. По 30 минути игра, резултатот е 

Малку голови, многу промашени шанси и контрола на Металург во првите 15-тина минути од мечот. Водеше 3-2, 4-3, но беше и во минус од 4-5 и 6-5, пред одново да ја презме предноста (8-7).

Домашните со 6-0 одбрана, за разлика од подлабоката зона во Скопје, бековите на Металург и овој пат не се шутерски расположени, па Кастратовиќ мора да се моли да пројде некоја поинаква акција. 

Во последните 10 минути Луцерн ја презеде контролата, имаше 9-8, но не се даваше Металург. Една лоша проценка за тајм аут ја пресече и шансата Металург да поведе, а потоа и еден лош шут од девет метри значеше и шанса за плус два за домашните, но сепак, не им мина цепелинот и остана 12-11 на полувреме.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk