ОФИЦИЈАЛНО: Одложен е мечот Сегед - Вардар

Вардар 1961 потврди дека натпреварот со Пик Сегед е одложен. Вардар ќе има точно еден месец пауза во Лигата на шампионите од дуелот со Мешков Брест до мечот со Флензбург. 



Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар 1961 што требаше да се игра на 1 октомври во Сегед е одложен. Ова е втора по ред средба на Вардар 1961 од Лигата на шампионите што е одложена и тоа не по вина и волја на црвено-црните.

ЕХФ прво им излезе во пресрет на Елверум и строгите корона протоколи во Норвешка, а сега и на ПИК Сегед и нивната „армија“ заразени играчи. 

ЕХФ ја потврди информацијата дека натпреварот со ПИК Сегед е одложен. 

И овие две одлагања лошо ќе се одразат на Вардар 1961 и неговата натамошна сезона во ЛШ. Вардар 1961 има одиграно само еден официјален меч од почетокот на сезоната, несметајќи ги овде трите средби од СЕХА Гаспром. Паузата од почетокот на ЛШ до следниот натпревар ќе изнесува еден месец, а следниот противник, Флензбург веќе е во голема натпреварувачка форма и од ЛШ, а и Бундес лигата стартува утре.
Флензбург е следниот противник на Вардар, а таа средба се игра на 15 октомври во Скопје. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk