Проблем за СЕХА, Словачка се „затвора“

Словачката влада од 1 октомври воведува нов сет строги мерки меѓу кои е и забрана за спортски настани. Татран Прешов нема да може да стартува во СЕХА Гаспром



Словачката влада на состанок што траел до доцна во ноќта донела одлука за воведување на нови строги и рестриктивни мерки во борбата со Ковид 19.
Мерките стапуваат на сила на 1 октомври, а меѓу нив е и целосната забрана за спорстки настани. 

Следствено, Татран Прешов нема да може да игра во СЕХА Гаспром ниту пак шампионатот на Словачка ќе се игра. Нема да смеат/можат да играат ниту во Лига Европа, која исто така почнува во октомври.
Татран Прешов во СЕХА е во групата со пет клуба во која е и Вардар. 

Спортските колективи веќе почнаа да реагираат, да се бунтуваат и да пишуваат соопштенија. Татран Прешов е еден од нив. Прашањето е дали ќе успејат да издејствуваат нешто, макар тоа било играње во празни сали и слично. Одговорот ќе го дознаеме деновиве, откако ќе профункционираат мерките, но во моментов ставот на владата на Словачка е јасен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk