Металург денеска ќе го игра реванш натпреварот од ЛШ со швајцарскиот Кринс Луцерн. Средбата ќе може да се гледа на ehftv.com
КРИНС ЛУЦЕРН - МЕТАЛУРГ 18:45 (ЛИНК)
Денеска е најважниот ден во сезоната за еден од македонските претставнци во ЛЕ, Металург. Вечерва, од 18:45 во Цирих, Металург ќе го игра реванш натпреварот со Кринс Луцерн за пласман во групната фаза од Лига Европа.
ЕХФ овој пат ќе врши пренос на нивната специјализирана веб страна ehftv.com. Ќе биде потребно да се логирате и да регистрирате кориснички профил за да можете да го гледате мечот, но процедурата за тоа е едностава и бесплатна и нема да ви одземе повеќе од две-три минути.
Со два гола предност Металург го чека овој натпревар. Не се многу, практично на 0-0 се наместени работите. Но, ако дојде ред да решаваат детали, а грото од ракометната фела е склона да верува дека ќе биде така, тогаш два гола предност е добредојдени детали што решаваат многу работи. Особено ако Металург постигне повеќе од 24 гола, па така на домашните им затреба уште еден гол-детал плус во сликата.
Горан Перковац, по мечот со Металург и особено по високата победа над шампионот Кадетен во неделата (32-24), е полн со самодоверба. Тоа е добро, сепак, не се тие Кил или Флензбург да играат во таков ритам долго време, некаде ќе попуштат, прашањето е дали тоа ќе биде вечерва. Потенцираше хрватскиот тренер дека само на крилни позиции Металург ги надиграл, а тоа не наведува на помислата дека нивната одбрана ќе се менува и ќе покрива поголема површина и во ширина.
Но, Металург нема само подобри крила, има и бекови што досега беа во сенка и не покажаа многу. Сега им е, да не звучиме тривијално, последната шанса да покажат дека се оправдана инвестиција.
Не очекува важен натпревар, важен е за целиот македонски ракомет. Два клуба во група од Лига Европа досега не сме имале, а ланскиот рејтинг во ЛЕ во некои сегменти беше поважен и од тој во ЛШ во распределбата на местата.
Ова е големата раскрсница во Металург. По денешниот меч многу работи ќе бидат поинакви, како и да заврши натпреварот.