Презадоволен од покажаното од средниот бек Педро Пачеко, сехалигашот Татран го продолжи договорот со него до крајот на јуни 2023.
Татран сезонава, по најавите дека ќе стане аматерски клуб се сврте кон јужноамериканскиот пазар и сега има шест бразилски ракометари.
Веспрем и досега беше одлличен и во ЛШ и во домашното првенство, а отсега ќе биде уште посилен. Пауза од нешто повече од еден месец во тимот им се врати Расмус Лауге.
На првата средба по враќањето на теренот, Данецот постигна девет гола.
Словенечката екипа Горење е најновото име на списокот на екипи што се во карантин. Еден играч е позитивен во Велење, но сите мораат да бидат изолирани додека не покажат два негативни ПЦР тестови.