Турски хакери го уценувале селекторот на Данска

Турски хакери ги пробиле профилите на Николај Јакобсен на Инстаграм, Фејсбук и неговиот меил.



„Се почна со една порака на Whats App со која ми беше побарано да внесам код со кој ќе докажам дека сум сопственик на Инстаграм профилот или во спротивно профилот ќе ми биде избришат. Сето тоа изгледаше реално, па го внесов кодот“. изјави селекторот на Данска, Николај Јакобсен за медиумот „БТ“, за трикот со кој турски хакери му ги преземале профилите. 

“Потоа ми беше побарана парична трансакција, па го 'баталив' тоа. Но, по 24 часа сите фотографии од Инстаграм ми ги снема, а истото се случи и со ФБ, пробиен ми беше и меилот. Ми побараа 5.000 долари или биткоини за да ми ги вратат профилите. Многу експерти ги прегледаа моите профили, но немаше што да се направи. Нормално, јас нивната понуда ја го одбив и си отворив нови профили. Не е убаво кога ќе загубиш 37.000 следбедници на Инстаграм, но јас и така не рекламирам ништо, па реално и ништо не загубив“, вели Јакобсен. 

Најстрашното од се за данскиот селектор е што Инстаграм не преземал ништо за да му помогне да си ги врати профилите откако пријавил. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk