Металург се чекираше во Цирих

Металург пристигна во најголемиот швајцарски град по еднодневен престој во Истанбул. Утре го чека решавачкиот меч за пласман во ЛЕ



Металург мораше да преспие една ноќ во Истанбул за да стигне навреме во Цирих каде што утре (18:45) ќе го одигра реванш натпреварот од квалификациите за пласман во групната фаза на Лига Европа. 

Скопскиот клуб денеска пристигна во Цирих и попладнево ќе го одржи и планираниот тренинг. Сите играчи се ковид негативни и здравствениот билтен е празен. Зоран Кастратовиќ ќе ги има на располагање сите играчи со кои утре ќе го почне натпреварот со два гола предност. 

Од мечот во Скопје можевме да извлечеме заклучок дека двата тима се на некое исто ниво според квалитетот. Предноста на домашните е во нивната подобра воиграност, помалку тие менуваа сезонава, а контра-тегот е квалитетот и „името“ на ракометарите на Металург. 

Двата тренера во изјавите по мечот имаат заеднички содржител кој вели дека детали ќе го решат патникот во ЛЕ. Дали тоа ќе биде голман, подоба одграна, погоден или промашен зицер... Евидентно дека во тимот на Металург има многу повеќе простор за напредување, особено кај бековите шутери. Ако барем еден од нив повлече како што треба ќе се олесни во многу сегменти играта и ќе се ослободи повеќе простор за сите други. 

Луцерн во Скопје се обиде да изненади со 3-2-1 одбрана, можеби делумно му пројде таа игра, но сега тоа нема да биде ништо ново, па можеби ќе ги видиме и назад на 6-0. А и да играат длабоко, Метлург се надеваме неделава спремил повеќе решенија. 




 

Галерија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk