Бенидорм нема да ја брани утре предноста од три гола во Австрија
Шпанската екипа Бенидорм пријави шест позитивни играчи на Ковид и нивниот меч со австрискиот ти АОН Фајверс е стопиран.
Шпанците победија 34-31 на првиот натпревар, но потоа ги стигна подмолниот вирус и сега пола тим е во карантин. Во Шпанија со шест играчи се одложува натпревар, со пет на пример, екипата мора да игра. Бенидорм сакал да патува во Австрија со играчите што се негативни, но шпанските здравствени институции им наложиле 10 дневен карантин и забрана за излегување од државата. Обидите на федерацијата да ги омекнат ставовите на здравствените органзации биле неуспешни.
ЕХФ нема повлечено таква црвена линија и секој случај го разгледува посебно. Оваа средба нема да се игра утре, а дали ќе се игра во друг термин или ќе има службено решение ќе одлучи ЕХФ во наредните часови или денови...
Под прашалник е и дуелот Тримо - Балатонфуреди. Овие два тима се договорија да играат само еден меч, на теренот на Тримо и засега се изглед во ред, освен што е запрен во обложувалницте и се води како одложен.