Kорона ја „закачи“ и Висла Плоцк

Како стојат работите, годинава најдобри на терен ќе бидат не тие што имаат најдобри тимови, туку тие што најдобро се чуваат од Ковид



Годинава голема предност на терен ќе имаат тие екипи што најдобро се справуваат со Ковид 19 пандемијата. Бадијала му беа шест скапи играчи на ПИК Сегед кога изолирани од дома гледаа како времешниот Кањељас вади го растура Келце со последните атоми од силата и на крајот пак со нула на салдо си оди кон Сегед. Или акво фајде Будуќност што ги врати дома Лекиќ, Радичевиќ итн. кога клубот не одржал ниту „еден“ комплетен тренинг од стартот на подготовките. Помина и времето на јуначење на тренерите дека е во ред, тоа е нова реалност, сега почнуваат да „кукаат “дека поради корона губат натпревари... И да не набројуваме, во ова друштво се Мелзунген, Хаслум, Бенидром, Екс Прованс, руските екипи што губат по 10-0, Влчеа од Романија, потоа Крим, целата македонска Супер лига ... 

Вчера, ПИК Сегед одново замина во карантин, а друштво му прави и ривалот Келце од Полска кој за да има поквалитетен тест, дури утре ќе оди на прегледи. 

Во меѓувреме лоши вести доби и уште еден клуб од Полска, Висла Плоцк. По натпреварот со Тарнов, еден играч бил позитивен. Сите заминале на прегледи и сега имаат уште тројца нови позитивни. Нивните имиња не се објавени, но ако се работи за стартери, тогаш Висла во следните 14 дена ќе биде хендикепирана и тоа под услов се за даврши добро за две недели. 



Во меѓувреме и Висла 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk