Металург го приземји Шампион

МЕТАЛУРГ - ШАМПИОН   51-18 (22-11)
Арсениевска 9, Дамчевска 7 - Неделковска 6, Димитриевска 6



Дебитантот Шампион предводен од Валентина Радуловиќ, која засега е само тренер, иако е регистрирана и како играч добро ја почна сезоната. 
Во воведните две кола победи на гости со О. Поле и дома со Кузман Вардар, но потоа дојде ред да играат со шампионот Металург. 

Тука заврши доброто за Шампион, иако за волја на вистината во еден дел од првото полувреме беа сосема рамнправни. Рамноправни беа до резултат 11-10, а потоа следеше серија од 11-2 за Металург и водство од 22-12 на полувреме. 

Вториот дел мина во комплетна доминација на домашниот тим кој успеа не само да победи туку да им даде и цели 51 гол на дебитантите. Шампион по овој меч излезе од друштвото на непобедените во првенството, каде сега се само Металург, Куманово и Деспина. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk