Пик Сегед е одново во карантин. Целиот тим е изолиран затоа што имаат нов случај на позитивен по мечот со Келце
ПИК Сегед имаше шест ракометари во карантин пред дуелот со Келце. Отидоа таму со изменет состав, одиграа машки натпревар и тесно беа поразени.
По оваа средба имаат нов позитивен случај и додека не ги добијат резултатите од новото комплетно тестирање сите играчи се одново во официјален карантин.
ПИК Сегед веќе ги информирал и Келце и Вардар и ЕХФ за ситуацијата, а моментот што ја запрел продажбата на билети за натпреварот јасно покажува дека смета на опцијата овој дуел да не се одигра во предвидениот термин, на 1 октомври.
Во очекување сме на повеќе детали...