Металург утрово тргна на пат за Цирих, а таму ќе стигне утре. Ковид 19 и најдостапната дестинација ја направи да биде патешествие
Цирих беше една од најдостапните дестинации од Македонија. Можеби и најдостапната од скопскиот аеродром. Но, Ковид 19 направи оваа дестинација да стане вистинско патешествие од Скопје. Не е достапна ниту од Приштина, ниту од српските аеродроми.
Металург така до градот што некогаш беше најдостапната дестинација од скопски аеродром сега ќе мора да патува два дена. И тоа е среќен што успеал да најде конекција за да стигне дотаму, а управата може да здивне затоа што воопшто не беше едноставно да се комплетира и оваа мисија. Добро е што навреме ја почнаа потрагата по конекција и билети.
Утрово скопските ракометари во одбрана на двата гола предност, со негативни ПЦР тестови во џебот заминаа за Истанбул.
Таму ќа го минат денот и ќе преспијат, а утре фаќаат нов лет за Цирих.
Утре ќе имаат и тренинг, а натпреварот се игра во вторник во почеток од 18:45 часот. Засега не е најавен видео-пренос од овој меч.