Луцерн е новиот шериф во градот. Тие вчера му одржаа лекција на шампионот Кадетен Шафхаузен и најавија борба за титула сезонава
Последната препрека на Металург до посакуваната Лига на Европа, швајцарскиот Кринс Луцерн, демнонстираше сила во домашното првенство.
На два дена до дуелот со Металург, на гости во Луценр дојде шампионот Кадетен Шафхаузен. Тоа е тим каде што и натаму играат мног попознати имиња, како Часар, Пилиповиќ, Марос итн. во однос на играчите на Луцерн.
Но, на теренот, „везеше“ екипата на Горан Перковац. Конечниот резултат е 32-24 (17-11). Белорусинот Хлеб Харбуз со осум гола бепе најефикасниот играч на натпреварот. Совенецот Лапајне и на овој натпревар беше поштеден