Џамбо Милиќ повторно е на гол

Страхиња Милиќ, голманот кој со Вардар во 2017 стана европски првак, по две години пауза повторно е меѓу стативите



Српскиот голман Страхиња Милиќ, откако ја освои шампионската титула со Вардар во 2017 година не доби нов договор. Неофицијално, една од причините е затоа што имаше прекумерна тежина. Потоа се повлече, низ неколку интервјуа за српски медиуми дознавме дека додал уште неколку X на XXL имал и преку 180 кг., но и дека се чувствувал добро и дека можеби ќе се врати на терен. 

Вечерва го имаше кам бекот. Бранеше 42 минути на дуелот меѓу Динамо Панчево и Партизан и запиша шест одбрани. Партизан го загуби мечот (22-26).

Судејќи според фотографијата, ќе му треба време за да се врати во линија...

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk